еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Заев требаше да си даде оставка и да распише предвремени избори

Mислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже, требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден, да се одржат предвремени парламентарни избори, одговори лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на новинарско прашање за аудио снимката на премиерот Зоран Заев со руските комичари Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се преставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна, бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат, меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј.

После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев нема да поднесе оставка, ниту пак некој од протоколот

Заев: Жртва сум на својата отвореност и организирана структура која е против нашето членство на НАТО

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен екс-пратеникот Љубомир Јосифовски поради сомнеж за неовластен упад во компјутерскиот систем на Централниот регистар

Редакција

Во Македонија се зголемувала антибугарската реторика, удел во тоа имале руските служби, тврдат бугарски аналитичари

Редакција

Одбиено барањето на струмичкото Обвинителство за активрање на условна пресуда на градоначалникот на Ново Село

Редакција