еМагазин
Image default
Балкан

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува штетниот договор што отстапува македонски јазик и националност

Ставот дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш го повтори претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата турнеја на грчкиот остров Кефалониа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на најголемата грчка опозициска партија истакна дека главните причини за оваа позиција е нивниот став дека „за прв пат на соседите им се отстапува македонски јазик и македонска националност”, а тоа го прави договорот, според Мицотакис, „штетен за националните интереси”.

– Единствениот начин да се гарантира дека овој Договор нема да се ратификува во грчкиот парламент е да се одржат национални избори пред Договорот да дојде на ратификација во грчкиот парламент, за грчкиот народ да одлучи, не само за земјата, туку и за договорот за кој, како што реков, сметаме дека е штетен за националните интереси. Но, сакам да додадам и уште нешто: сликата од изминатите денови во соседната земја, за време на подготовката за првото гласање во Собранието, според моето мислење, не е слика која одговара на земја што може да се стреми да стане членка на големото европско семејство –  рече Кирјакос Мицотакис.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катимерини“: Грчките воени сили се во состојба на подготвеност

Редакција

(Фото) Хрватската претседателка продолжи со гушкање: Овој пат во прегратките на колегата Пахор

Редакција

11-годишно момче од Хрватска почина од Ковид-19: Што е Мултисистемски воспалителен синдром кој ја предизвика смртта

Редакција