еМагазин
Image default
Локално

Мигранти од Пакистан завршиле со убодни рани и повреди по меѓусебна тепачка

На 24.07.2019 во 02.10 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во село Ваксинце, општина Липково, има повредени странски државјани, информира МВР.

Полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р.(23), М.К.(20), Х.А.(23) и Н.Т.(24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата.

Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале потоа. Лицата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пет повредени лица во сообраќајка на три возила на автопатот Тетово-Гостивар

Редакција

Нема повредени во пожарот во фабриката „Треска“, се евакуираат жителите од околните објекти

Редакција

(Видео) Како изгледа Кавадарци во новогодишно руво

Редакција