еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Епидемиологот Микиќ во интервју за ПИНА: Ако не ги почитуваме мерките, ќе бидеме како во Италија

Македонија во моментов располага со доволни капацитети да ги згрижи сите пациенти на кои им е потребна хоспитализација поради тежината на заболувањето, вели во интервју за ПИНА, епидемиологот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

„Развиен е систем, во кој лицата со полесна клиничка слика се на домашно лекување со постојан надзор од матичен лекар и по потреба инфектолог. Со ова се намалува товарот на болничките капацитети, во кои се третираат пациентите со потешки форми на заболувањето КОВИД-19.

Обезбедени се доволно респиратори и сместувачки капацитети со целокупната потребна медицинска опрема. Во моментов Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ги прима сите потешки случаи, а Инфективните одделенија во болниците низ градот средно тешките случаи.

Постои и план за дополнителни капацитети во случај бројот на заболени да се зголеми значително.

Во однос на медицински персонал, постојат планови во Министерството за здравство, за прераспределба на здравствен кадар.

Сепак, треба да се има во предвид дека овие капацитети може да бидат надминати доколку не се почитуваат мерките и дојдеме во ситуација да се регистрираат голем број на заболени за кратко време!

Токму затоа и се преземаат сите рестриктивни мерки – со цел да се зарамни т.н. епидемиска крива, односно да се забави ширењето на заболувањето. Ако тоа не се постигне, бројот на лица на кои ќе им биде потребна интензивна нега ќе го надмине капацитети на здравствениот систем, како што беше случај во Италија,“ вели Микиќ.

Тој додава дека „бројот на епидемиолози во земјата е ограничен, но на располагање се ставени доктори и медицински персонал од други специјалности и превентивните гранки на медицината.“

„По потреба секако ќе се вклучат и студенти по медицина пред се во одговарање на прашања на граѓани, анкетирање на контакти и помош при администрација со податоци,“ додава тој.

Целото интервју може да го прочитате ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемиологот Микиќ: Постојат индиции дека можеби БСЖ-то создава отпорност на корона вирусот кај некои лица

Епидемиологот Микиќ: Смртноста од корона вирусот е под 4%, но мора следниот период да го заштитиме системот

18 деца во Македонија до деветгодишна возраст се заболени од корона вирусот

Фото: ПИНА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната во Украина може да и нанесе поголема штета на европската економија отколку пандемијата

Редакција

Сите детали: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Редакција

“Брза лента“ на аеродромите за 69 истакнати иселеници кои имаат “МКарта“

Редакција