еМагазин
Image default
Македонија

Миле Јанакиески на суд за „Сончев град“: Продолжува судењето за „Топлик“ на СЈО

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште.

На претходните рочишта обвинителите на СЈО ги пречитаа 608-те материјални докази во врска со предметот, а беа преслушани и неколку телефонски разговори, кои произлегуваат од следењето на комуникациите.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

МИА/Фото: Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугар фатен со ножеви пред бугарскиот културен центар во Охрид

Редакција

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Редакција

Владата усвои нов Предлог – закон за Академија за судии и јавни обвинители

Редакција