еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски: Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно.

„СЈО го крие боледувањето! Но, јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест? Специјалната обвинителка е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба).

Исто би било, јавноста има право да знае, и во случај на ненадејно боледување на Претседател, премиер, министер, градоначалник и слично“, напиша Милошоски на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесе оставка и „падна“ болна: Катица Јанева на боледување од 16 јули

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлуките за исплата на субвенции за лозарите се донесени пред распишување на изборите, реагира Платежната агенција

Редакција

За неносење маска 237 прекршоци за 24 часа

Редакција

Антикорупциска бара да се покрене иницијатива за кривично гонење против тројца градоначалници на Демир Хисар

Редакција