еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски по средбата со Рускоска: Заев да даде исказ дали знаел за финансирањето на 1ТВ

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предизборна „бомба“ на Милошоски: Ќе има ли нови?

(Видео) Милошоски пушти аудио-снимка во Собранието: З.З знаел чии биле парите, за Боки 13 да ја финансира телевизија

Тој откако и ја предал аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска, рече оти добил ветување дека материјалот ќе се користи како доказ во случајот Меѓународен сојуз каде осомничени се Боки 13, неговиот татко, како и Фросина Ременски.

-Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вкчучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. Како што кажав, овие записи покажуваат дека
Зоран Заев знаел за финансирањето на оваа невладина организација и на 1ТВ, рече Милошоски.

Според него, најдобро би било Русковска да го повика и Заев даде појаснување за разговорот.

Снимката што денеска ја предаде во Обвинителството, Милошоски минатата недела ја презентираше на седница на собраниска комисија.

Тој појасни дека дал само еден разговор, оној кој го пушти на седница на собраниската комисија, но не и материјал за кој бараше дозвола да го презентира на пленарна седница, за што не доби дозвола од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие, рече Милошоски.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски на Русковска ѝ ја достави „бомбата“ за Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цар Самоул владеел со Бугарско царство во Македонија: Што пишува во препораките на историската Комисија со Бугарија

Редакција

Штипскиот ковид – центар се пополни за само три дена

Редакција

Лидерот на „Има таков народ“, Трифонов реагира оти Бугарија испратила помош за пожарите во Македонија

Редакција