еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски: Платите на обвинителите во СЈО се од 220-260.000 денари

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошски објави фејсбук-статус во кој обелодени колкави плати земаат обвинителите во Специјално јавно обвинителство (СЈО).

„Просечните месечни примања на вработените во СЈО со високо образование се 80.000 денари (редовна плата + 35% повишица за вршење на јавно-обвинителска дејност + исплата на додаток по основ на спорни договори за чување деловна тајна). Просечните месечни примања на помошниците обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари, (според истите три основи)“, се вели во статусот на Милошески.

Катица Јанева вчера беше разрешена од Собранието и Советот на јавни обвинители, а мандатот на другите обвинителе ќе престане утре, кога ќе се знае и дали ќе бидат префрлени во нивните матични јавни обвинителства.

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За два стана и автомобил вреден 18 илјади евра директорот на Инспекторатот за градежништво нема доказ за потекло на имот

Редакција

Како е киднапиран и убиен Панче Жежовски?

Редакција

Притвор за докторката од Куманово која примила поткуп

Редакција