еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

По објавувањето на петте аудио снимки на Јутјуб, на Фејсбук се огласи поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Почитувани новинари, вечерва беа објавени 5 од 6 мои снимки, нелегално направени од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков.

Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава.

Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите.

Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено.

Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли. Како дојдовте, така ќе си одите!

Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес. Ќе Ве отворам како пупка! Се слушаме наскоро“, напиша Милошоски на Фејсбук.

На Јутјуб каналот ГолиТру се објавени аудио-снимки на кои се слуша гласот на Милошоски, кој меѓудругото разговара со поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, во врска со предметот со Здружението на возачи-Кичево, со кој се поврзува неговиот татко.

Неодамна пак Милошоски најпрво во македонското Собрание, а потоа на прес конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пушти аудио снимки за лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

(АУДИО) „Пукнаа„ пет „бомби“ за Антонио Милошоски

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Џијан Емин со фантастичен настап во Нови Сад со проектот „La Vie En Rose“

Редакција

(Видео) 17-годишната девојка осомничена за убиството на 16-годишното момче даде исказ, неговите другари се собраа пред судот

Редакција

Штетата по Буџетот 7,5 милиони евра: Во акцијата во Љуботен запленети 12 тони нелегално увезен режан тутун

Редакција