еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски за случајот „Моќник„: Дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата

Како одбрана спремни сме да ги користиме силата на аргументите и сите други потребни докази за да ја увериме и јавноста, дека се работи за правно неоснован и политички мотивиран предмет, изјави Антонио Милошоски, по денешното рочиште за случајот „Моќник”.

Во врска случајот, во кој е трето обвинет, Милошоски рече дека ги известил мисијата на ОБСЕ и мисијата на ЕУ да го следат целиот случај од почеток до крај, за како што посочи, и тие да се уверат дека се работи за правно неоснован, но за за жал политички мотивиран случај.

– Самото обвинение е компромитирано од две причини. Првото обвинението го има почнато Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка. Зборувам за обвинението точно за и со рекетирање, а го продолжува нејзината другарка Фетаи за која Државниот завод за ревизија утврди дека истата незаконски земала 87 илјади евра хонорари токму од Катица Јанева и СЈО, изјави Милошоски.

Обвинителниот акт, посочи тој, е паушален арбитререн, политички мотивиран и без издржани докази.

– Не би го коментирал судот, само би го коментирал Обвинителството и обвинителниот акт. Дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата, а самиот обвинителен акт е арбитререн право неиздржан и политички мотивиран, изјави Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковид-19 го одложи судењето за „Моќник“ во кој е обвинет и Антонио Милошоски

МИА/Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изрешетан полицаец во Велес

Редакција

Полицијата по втор пат го побара Груевски во неговиот дом, но не го најде

Редакција

Убава вест: Оздравени 36 пациенти, двајца на болничко и 34 на домашно лекување

Редакција