еМагазин
Image default
Македонија

Минатата недела во Охрид 50, во Струга 52, а во Дебар 13 нови случаи на заразени со корона вирусот

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 27 јуни до 3 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 50 лица од Охрид, 52 лица од Струга и 13 лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 280 материјали за испитување 176 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 73, Струга и Вевчани 66, Дебар и Центар Жупа 37), а 104 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар и тоа Охрид и Дебрца 56, Струга и Вевчани 48.

На домашно лекување во Охрид се 75 лица инфицирани со корона вирусот, во Струга 78 пациенти, а во Дебар десет пациенти. Во Охрид има 161 активен слуачај на коронавирусот, во Струга 148, а во Дебар 51.

Во овој период оздравени се девет лица од Охрид, десет лица од Струга и четир лица од Дебар.

Изминатата седмица се регистрирани седум смртни случаи поврзани со Ковид-19 од кои едно од Охрид и шест лица од општина Струга.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 537 лица во односните општини и тоа 190 лица во општините Охрид и Дебрца, 245 лице во општините Струга и Вевчани и 103 лица во општините Дебар и Центар Жупа.

Оздравени пациенти од Охрид се 29, од Струга се 97, а од Дебар и Центар Жупа се 52 пациенти.

Во Охридско починати се 5 лица, во струшко 26, а во Дебар и Центар Жупа четири лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој ден се повеќе се пополнуваат болничките капацитети со болни од корона вирусот

Редакција

Антикорупциска пред Уставен ќе го оспори балансерот за вработувањата по националност

Редакција

Министерот Хоџа од БЕСА не можел да седи на иста маса со ДУИ, ќе си поднесе оставка

Редакција