еМагазин
Image default
Македонија

Министерката Мизрахи не очекува да биде разрешена, не била виновна за ништо

Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, за која техничкиот премиер Оливер Спасовски од македонското Собрание побара да биде разрешена, за телевизијата „Телма“ вели дека не очекува пратениците да ја разрешат. Вели дека не е виновна за ништо.

„Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо и не сум виновна за ништо. Апсолутно ќе ја почитувам одлуката на пратениците каква и да е, бидејќи тие ме назначиле, тие можат и да ме разрешат. Министерството и пред мене било предупредено дека не била сменета таблата, но и во буџетот за 2020 не е предвидена таква набавка. Јас не сум одговорна за неспроведување на законот на мојата претходничка“, вели Мизрахи за Телма.

Барањето на Спасовски за нејзино разрешување е веќе во Собрание, но за сега нема информација дали и кога пратениците ќе расправаат за Мизрахи, имајќи го предвид фактот дека најдоцна до 16 февруари Собранието треба да се распушти.

Лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски повика на разум и достоинство за оваа одлука на Спасовски.

Мизрахи пред неколку дена изјави дека нема да ја менува таблата во Министерството за труд и социјална политика, на која пишува Република Македонија, макар за тоа платила и казна.

Министерката и таблата стана тема и во соседна Грција, а поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас дури побара забрана за влез на Мизрахи во земјите членки на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила новата министерка Рашела Мизрахи

ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика

Министерката Мизрахи и казна ќе плати, ама таблата со Република Македонија не ја менува

Коѕијас бара забрана за влез на министерката Мизрахи во ЕУ: Реакции во Грција за таблата со „Република Македонија“

Фото: Фејсбук/Мизрахи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две третини од младите сакаат да се иселат од Македонија

Редакција

За прв пат македонските државјани во странство во неколку градови ќе може да извадат пасош во амбасада кога сакаат

Редакција

Отворен Конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул

Редакција