еМагазин
Image default
Македонија

Министерот Дураки жали што не се изразил јасно

Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните, се вели во реакцијата на Министерство за животна средина и просторно планирање.

„Во таа насока, Владата ја дефинираше борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураки во својата изјава за медиумите ја потенцираше Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејствија. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, се вели во реакцијата.

Инаку, министерот Садула Дураки, на новинарско прашање во однос на тужбата на граѓаните против државата за загадувањето на воздухот, одговори дека тој не работи за граѓаните.

Фото: Фејсбук-профил на Садула Дураки

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни

Го знаете овој човек? Министер е и не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец

(Видео) Министерот кој не одржал ниту една прес-конференција за загадувањето и јавно призна дека не се „бави“ со граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков: Никој од моето семејство и обезбедување не стои зад нападот на Златев

Редакција

Кривична за градоначалникот Пецаков, не се самоизолирал по тестирање за Ковид-19

Редакција

Ќе оди ли и Општина Куманово во карантин?

Редакција