еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот Оливер Спасовски најсериозен кандидат за технички премиер

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари.

Поради престојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април, него ќе го замени технички премиер.

Од СДСМ за сега не откриваат кој се е во игра за оваа позиција, а неофицијално за најсериозен кандидат се смета актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој во техничката влада нема да може да биде министер, бидејќи тоа место оди во рацете на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Последен пат Македонија имаше технички премиер од јануари 2016 година, кога на таа функција беше поставен Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, откако предизборно оставка поднесе Никола Груевски, кој е во бегство и кој стана азилант во Унгарија.

Димитриев остана на позицијата до јуни 2017 година, кога на негово место дојде Заев.

Во таа техничка влада, Спасовски беше министер за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски не сака да шпекулира дали тој би бил технички премиер

Кои министерства ќе ги земе ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Предвремени парламентарни избори: Го чека ли и Заев истата судбина како на Ципрас

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Од Африка во Скопје пристигна потполковникот заразен со Ковид-19

Редакција

Јадранка Костова и Александар Чомовски дел од тимот на телевизијата 1ТВ

Редакција

Студено и во наредните денови, постепено затоплување од четврток

Редакција