Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска вчера во касарната Ѓорче Петров присуствуваше на пречекот на пратката нови гуми од НАТО за АРМ.
„Во посета на касарната во Ѓорче Петров, во моментот кога пристигна најголемата пратка на нови гуми за армиските возила од набавката за годинава. Работите полека ги доведуваме во ред. До крајот на годинава ќе бидат испорачани и новите чизми за војниците, а постапката за набавка на нови униформи е во тек. АРМ ќе влезе во сојузничките редови подновена“, напиша на својот Фејсбук профил Шеќеринска.
Фото: Министерство за одбрана
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.