еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерство за здравство: Повредените патници се контактибилни, но превентивно се врши компјутерска томографија

Министерство за здравство според информациите добиени од Министерството за надворешни работи информира дека во сообраќајката несреќа која утрово се случи на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во кој автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник, повредени се 26 лица.

„Од нив, 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље, а еден од згрижените во Прокупље е потешко повредено. Згрижените пациенти се надвор од животна опасност. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените“, информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски автобус кој патувал кон Копаоник се преврте во Србија, има повредени

Двајца потешко и десет полесно повредени во сообраќајката на патот за Копаоник во македонскиот автобус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Почна вакцинацијата против Ковид-19 на првите здравствени работници

Редакција

Ден на жалост во Прилеп во петок, поради загинатите лекари

Редакција

По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра

Редакција