еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Министерство за здравство: Внуката на Филипче е вакцинирана по редовниот календар за имунизација, соодветен за нејзината возраст

Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест, соопштуваат од Министерство за здравство.

Од таму велат дека на социјалната мрежа Фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразните болести.

„Мојата внука е мала, и не може да биде вакцинирана од МРП вакцината. Но, јас како дел од здравствените работници ги уверувам сите граѓани дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, и тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Демантирам дека иглата при вакцинацијата била со капаче. Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот. Поради тоа на фотографијата не се гледа иглата на вакцината“, изјави  Филипче.

Од таму апелираат граѓаните да ги проверуваат вестите кои се пласираат во дел од медиумите, бидејќи станува збор за лажни вести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И покрај реакцијата на јавноста за изјавата на Филипче сепак: По имунизациски календар МРП се прима на 13 месеци

(Фото) За да докаже дека се безбедни, Филипче лично ја однесе внуката на вакцинирање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрени дополнителни 100 милиони денари за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција

Забавата во кујна со децата е непроценливо и поучно искуство

Редакција

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Редакција