еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Министерството за образование повика родителите и наставниците да разговараат со децата за содржините што ги гледат на интернет

Министерството за образование и наука ја следи состојбата и во координација со другите институции презема соодветни активности за утврдување на причините за појавата на случајот со интернет играта во основното училиште во Битола, како и превенција од евентуална појава на нови случаи преку мултисекторски пристап.

Од досегашните информации, од Министерството велат дека не станува збор за масовна појава.

До училиштата, како што информираат од МОН, е доставен указ со кој тие се задолжени да го подигнат степенот на внимателност и интеракција со учениците, вклучувајќи и внимателност околу спроведувањето на комуникациите преку интернет, а воедно и зголемена индивидуална комуникација со учениците.

Од МОН велат дека е дадена насока преку групни работилници на оваа тема спроведени од страна на стручната служба во училиштето, учениците детално да се информираат за можните ризици од учеството во ваков тип на игри, а воедно и да се интензивира и комуникацијата со семејствата на учениците преку организирање на состаноци и родителски средби, со цел навремено превенирање доколку кај одредени поединци или групи биде забележано однесување кое отстапува од вообичаеното и упатува на индиции за преземање несакани дејствија од страна на учениците кон самите нив, кон нивните соученици, наставници или други вработени во училиштето.

– МОН ќе продолжи со интензивна работа со училиштата, со цел континуирана достапност на психолошко-предагошките служби кои се во комуникација со учениците. Основните и средните училишта во земјата добија насоки за понатамошната работа на педагошко-психолошките служби, наставниците, како и за вклучување на родителите и децата во активностите, информираат од МОН.

Од Министерството апелираат до семејствата, односно родителите и старателите на учениците да бидат претпазливи, да посветат време за разговор и да посветат внимание на содржините до кои пристапуваат нивните деца за времето додека се дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) По случајот во Битола: Се за игрите „Син кит“ и „Момо“ кои ги тераат децата да се самоповредуваат

(Видео) Родители внимавајте: Четворица основци од Битола сечеле вени инспирирани од интернет игрите „Момо“ и „Синиот кит“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Magnetista” неодолив мирис од Орифлеим за кој е научно докажано дека ја прави жената попривлечна

Редакција

Старецот Вартоломеј, игумен на манастир на Света Гора во посета на Св.Јован Бигорски

Редакција

(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Македонска Каменица и Велес

Редакција