еМагазин
Image default
Македонија

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда информира дека го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија.

„Барањето за екстрадиција се однесува за извршување на правосилна пресуда изречена во траење од две години и за водење на четири кривични постапки кои се пред домашните судови, а укажуваме дека за него се водат и четири истраги како и една предистражна постапка за коишто надлежните органи можат да започнат и судски постапки во зависност од истрагата“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека: “Република Македонија бара лицето Груевски да биде екстрадирано, а имајќи ја во предвид сериозноста на кривичните дела, бараме истиот да биде лишен од слобода и задржан во притвор“, потсетувајќи дека за него е издадена и меѓународна потерница.

Во прилог се доставени документи од Основен Суд Скопје 1, СЈО и ЈОРМ, со укажување дека досието ќе се дополнува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во барањето на Министерство за правда за екстрадиција на Никола Груевски

Унгарско МНР: Груевски сите граници ги премина легално

Унгарски медиуми: По скратена постапка донесена одлука за барањето за азил на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Кавадарци: Од Ковид-19 почина и дедото на двајцата браќа кои претходно починаа на Инфективна

Редакција

Наставник заразен од Ковид-19 изолира колега и 22 ученици во Кавадарци

Редакција

Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски и нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе

Редакција