еМагазин
Image default
Локално

Минувачи го фатиле на дело: 67-годишен маж извршил полов напад врз дете кое го познавал

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на гостиварско село, на возраст од 67 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството наведуваат дека во насока на непречено одвивање на постапката и обезбедување присуство на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување на мерката притвор за осомиченото лице.

Осомничениот  делото го сторил на 2 април 2020 година, кога искористувајќи го претходното познанство со детето – жртва, го повикал во простории на старо училиште.

Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец ја украл картичката на вработена во „Медикус“ и ја „олеснил“ за 80.000 денари

Редакција

Скопјанец си ја бара сопругата

Редакција

(Фото) Приведен 31-годишен дилер на марихуана во Охрид

Редакција