еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

“Мириса“ ли на датум за датум за Македонија за почнување на преговорите со ЕУ?

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон утре во Париз ќе се убедуваат дали Европската Унија треба да одреди датум за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија (ЕУ).

Франција се уште не се откажала од блокирањето на стартот на преговорите со Македонија и Албанија, а на оваа средба се гледа како последна шанса нештата да се сменат на позитивно.

Финалната одлука на Франција ќе ја донесе лично Макрон.

Големо мнозинство на земји во ЕУ се за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, а Германија смета дека двете земји во целост ги исполниле условите за почеток на преговорите.

Франција пак меѓудругото смета дека има недостатокот на напредок во реформата на статусот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Македонија, а како што е познато македонските парламентарци се уште не се усогласиле за Законот за јавно обвинителство, со кој и се одредува иднината на СЈО.

Дури и да се реши прашањето за СЈО до состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург, Франција ќе одбие преговори со Македонија и Албанија, но ќе одбие и одвојување на двете земји, вели француски дипломат за МИА.

Во овој дел рака на срце, нема зошто да им се лутиме на Французите. Да беше некој закон за привилегии на пратениците до сега 100 пати ќе беше изгласан.

Интересно е што Франција сега смета дека Договорот од Преспа нема никаква врска со процесот на проширување, а во не така далечно минато условот да се реши спорот со Грција за името беше круцијален за патот на Македонија во ЕУ.

Токму со овој Договор, Македонија не само што го реши проблемот со Грција, туку си го смени и уставното име, па сега е Северна Македонија, пример што е единствен од ваков тип во поновата светска историја, а истиот предизвика лавина од негативни реакции и незадоволство кај македонските граѓани.

Франција сега предлага ЕУ да се наврати на прашањето за проширување во март следната година, но без никаква гаранција дека ќе даде зелено светло и тогаш.

Дали ЕУ ќе ни смисли датум за датум или ќе измисли некоја нова формулација, веќе ќе биде појасно веќе во вторник на состанокот на министрите од ЕУ или два дена подоцна на Самитот на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот идентитет во опасност: Додека да станеме членка на ЕУ, Бугарија и Грција ќе ни ја „извадат“ душата

Холандија е за раздвојување на Македонија и Албанија, но нема да става вето

За Французите Договорот од Преспа нема никаква врска со проширувањето: Франција против отварање преговори со Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Плажа Оревче

Редакција

(Фото) Алкалоид и на јужноамериканскиот пазар: Одобрен лек на компанијата во Чиле

Редакција

Во САД излекувана првата жена со СИДА

Редакција