еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Мистерија кој отстранил и уништил 105 гранични столбови, некои високи и до еден метар на грчко-македонската граница

Грчката полиција отвори истрага за тоа кој отстранил 105 гранични столбови (маркери) на грчко-македонската граница, пишуваат грчките медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Столбовите, некои високи и до еден метар, се отстранети ноќта помеѓу четврток и петок, на дел од границата, кој е долг 13 километри, пренесе агенцијата АП.

Станува збор за областа помеѓу селата Месокамбос и Месокамбос во близина на градот Флорина (Лерин).

„Во периодот од 23 до 24 ноември 2018, непознати сторители уништија – оштетија 105 пирамиди – столбови кои ја означуваат граничната линија меѓу Грција и ПЈРМ, конкретно во делот што е северно од локалната заедница Месокамбос до источно од локалната заедница Ахлада во општина Лерин, соопшти грчката полиција.

Како што пренесува грчката новинска агенција Athens-Macedonia News Agency, за инцидентот алармирана е и војската.

Фото: cdplodge.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку е чудно кога се бара да не се кратат платите во администрацијата

Редакција

Бугарскиот премиер Петков денеска во посета на Македонија

Редакција

(Видео) Објавена снимка од сударот на рускиот воен авион со американскиот дрон

Редакција