еМагазин
Image default
Македонија

Митко Јанчев: Не се согласувам со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, гласав за излегување на референдумот

Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави за МКД.мк Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанчев вели дека тој вчера не присуствувал на седницата на Извршниот комитет на партијата и дека гласал телефонски.

„Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата“, вели Јанчев за МКД.мк.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

Комисијата за заразни болести со препораки за „мајмунските сипаници“

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм“, „Маџар Телеком“ и „Т.Н.Т.“

Редакција