Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и поранешен потпреседател на ВМРО ДПМНЕ за Дојче веле вели дека со целиот негов интегритет гарантира дека Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои моментално се во притвор, нема никаде да бегаат.
„Не се мешам во судски постапки. Лично се залагам за транспарентност во однос на притворите и на судските процеси, без политичко мешање. Во случајот со притворот за Сашо Мијалков, но и со притворите за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, мое мислење е дека изречена престрога мерка, и тоа само поради бегството на Никола Груевски. Судот можел да размисли и за алтернативна мерка, можеби за домашен притвор. Тоа се видни членови на партијата, некои од нив основачи, некои долгогодишни членови, но пред сѐ, тие се семејни луѓе. Јас, како Митко Јанчев, давам моја цврста и лична гаранција, со целиот личен и професионален интегритет и кариера, дека тие луѓе никаде нема да бегаат“, вели Јанчев за Дојче Веле.
Вели и дека нема разбирање за бегството на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.
„Искрено, не очекував бегство од Груевски. Ако навистина се плашел дека животот во затвор може да му биде загрозен, требало за тоа да разговара, да се бара некаква алтернатива. Но, по 11 години поминати на највисока функција, најмалку очекувано од негова страна беше бегство“, вели Јанчев.
Целиот разговор на Јанчев со Дојче Веле, ОВДЕ.
Фото: ВМРО ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанакиески во Апелација: Немам сметки во странство и го осудувам бегството на Груевски
Божиновски: Не можам во притвор, треба да се грижам за двете деца