еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари на Македонија

Главниот и одговорен уредник на телевизијата 24, новинарот Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари на Република Македонија (ЗНМ).

Тој го победи противкандидатот, новинарот Столе Наумов од радиото Канал 77.

Чадиковски доби 86, а Наумов 77 гласови.

Од вкупно 555 членови на ЗНМ, на изборното Собрание присуствуваа 175.

До сега со два мандати со ЗНМ раководеше новинарот Насер Селмани.

Фото: Фејсбук/Чадиковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Упад во служба која контролира меѓународни летови е терористички акт„: Твитер реакции

Редакција

Иво Лауренчиќ постхумно прогласен за креатор за навек во регионот

Редакција

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид веднаш до куќата каде Колишевски е осуден на смрт

Редакција