еМагазин
Image default
Македонија

Млади лица на возраст од 20 до 40 години најбројни меѓу новите 18 случаи со Ковид-19 во тетовско

Најголем број од 18-те новозаболени со Ковид-19 во тетовското подрачје се млади лица на возраст од 20 до 30 и од 30 до 40 години, информираа од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Од 18-те случаи најголем број се во општина Тетово, каде има 12, додека три има во Теарце. По еден заболен се евидентирани во општините Јегуновце, Брвеница и Желино.

-Младите лица кои се новозаболени се дел и од скринигот на луѓе без симптоми, но и има и новодијагностицирани, закажани за земање брис од матични лекари во „МојТермин“ или едидемиолошки земени од наша страна.

Големиот број заболени млади лица најверојатно има врска со отворањето на ресторани, кафулиња, молови, голем број луѓе пред банки и пошти и поради неоодржување на дистанца и маска.

Но, не мора да значи дека ние треба вечно да бидеме затворени во нашите домови, напротив треба да се навикнеме да живееме со вирусот, но секогаш да се придржуваме до мерките. Што повеќе придржување до мерките и ќе има помала бројка, рече Наим Скендери, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.

Најновите резултати покажуваат два нови кластери на тетовското подрачје.

-Последните денови и особено денеска новодијагностицираните се со полесна клиничка слика и симптоматологија, но има и со тешка клиничка слика и тие се хоспитализирани.

Голем број од случаите се веќе контакти на заразени и имаме два нови кластери во општините Тетово и Јегуновце. Секој нов кластер носи нови случаи со Ковид-19.

Се надевам дека кластерите ќе бидат во помал број и повеќето ќе бидат контакт случаи. Имаме проблем со криење контакти и симптоми, што ни прави проблем во иднина како нови ризик за заболување на нови лица надвор од кластерите, рече Скендери.

Изминатите неколку денови нема деца заболени од Ковид-19 во тетовско.

МИА/фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Куманово 15 новозаболени од корона вирусот, во Липково 9

Центар се изедначи со Аеродром по бројот на заболени со корона вирусот, Чаир останува на врвот

Речиси исполнет капацитетот на Инфективна клиника со заразени од корона вирусот: Од 110 кревети, 93 се полни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Монструм” продолжува на 10 септември

Редакција

Влез од високо ризичните земји само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид

Редакција

(Видео) Артан Груби давал државни пари на братот Ветон Груби, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција