На меѓународниот Кикбоксинг турнир „Балкан Опен“, во Тешањ, Босна и Херцеговина, нашиот млад борец, Павел Стојчевски од кикбоксинг клубот „АС“, од Делчево, се закити со два медали.
Павел освои златен медал во дисциплината Kick Light, – 37 кг, помлади кадети, а сребрен медал во дисциплината Point Fight – 37 кг.
Овие остварувања доаѓаат како потврда на претходниот турнир, Grand Prix, кој се одржа на 23 февруари во Сараево, Босна и Херцеговина.
Таму двајца од нашите борци од кикбоксинг клубот „АС“, од Делчево, освоија медали.
Павел Стојчевски освои сребрен медал во две дисциплини, Point Fight и Light Contact -37 кг, помлади кадети, а Дилан Ивановски сребрен медал во Kick Light и бронзен медал во Light Contact -42 кг постари кадети.
И на двата натпревари судеше и нашиот меѓународно признаен судија, Љупчо Стојчевски.
Кикбоксинг клубот „АС“ од Делчево, упати голема благодарност до сите навивачи и промотори, како и до нивниот лојален поддржувач, компанијата „Фротирка“ од Делчево.