еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Младите реализираат идеи со цел ова општество да го направат подобро место за живеење

Интерактивна платформа ИДЕА, преку која младите можат да се поврзат со организации и фирми кои можат да ги поддржат нивните идеи со цел нивна реализација, организираше настан во гимназијата „Орце Николов“ каде што се споделија многу успешни приказни од страна на младите кои основале свои бизниси.

Секој од нив раскажа како почнале, која била идејата на бизнисот, а заедничко за сите нив е што сакале да помогнат на ова општество, да го направат подобро место за живеење за луѓето овде.

Тие беа показател дека имаме млади со кои можеме да се гордееме, бидејќи имаат претприемнички дух и желба да работат на свои идеи и иновации.

Воодушевија дечките кои се одговорни за името „Speak out“ кои детално ги запознаа средношколците за оваа платформа и нејзината цел. Имено тимот „Андромeтa“ е ентузијастички тим од шест млади луѓе кoј е формиран 2018 година. Нивната цел е да го променат општеството на подобро.

Првиот проект за кој добиле и светска награда е SpeakOut –платформа  која ќе им овозможи на младите безбеден простор, за да си помогнат меѓусебно и воедно создавајќи им можност за борење против стигмата за менталното здравје и значењето на истата во животот на младите. Во април се очекува промоција на апликацијата.

Го слушнавме и излагањето на „Smart up“, која како организација делува како градител на еко-систем, поврзувајќи различни заинтересирани страни, со цел да се промовира и развие социјалната иновација. Со тое поттикнуваат градење на општество кое е социјално, еколошки и економски одржливо.

На настанот присуствуваа и претставници на „Скопје лаб“ кои со своите многубројни проекти активно работат на развивање и реализирање на иновативни решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржлива у урбана отпорност.

Професорот на Машински факултет, Игор Јорданов раскажа приказна за InnoTech Club кои се платформа чија што основна мисија е зголемување на свесноста во македонското општество за значењето и важноста на науката, технологијата и иновациите како клучни фактори за идниот економски раст и развој на земјата.

На настанот се обрати и мотивацискиот говорник, Жарко Костиќ, кој на младите им откри неколку тајни околу патот до успехот и реализацијата на целта. Тој им упати порака да не стојат на страна и да бидат неми набљудувачи, туку да ги преземат потребните ризици, бидејќи секој успех носи со себе и ризик. Но подобро е човек да се обиде, отколку да го критикува она од што се откажал.

Во рамките на настанот имаше и панел-дискусија „Како успевам? Од идеја до реалност“ на која „еМагазин.мк“ учествуваше како медиум, заедно со Александар Манев, извршен директор и ко-сопственик на Faktor.mk, Иван Стаменов ко-основач на Motion.Ltd, како и Филип Кордановски, фриленсер.

Главната порака која ја пренесовме до младите е никогаш да не се откажуваат од своите идеи, да постават цел и напорно да работат за да ја остварат. Пречки на патот секогаш има, но исто така и решенија доколку се упорни и мотивирани.

Секогаш ќе има некој кој ќе сака да ги одврати или демотивира во она што планираат да започнат да работат, но потребно е да веруваат во себе, да работат, да бидат дисциплинирани и успехот е неизбежен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Болници во Газа станаа масовни гробници, меѓу закопаните и пациенти од интензивна нега

Редакција

30-годишен Охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај село Подмолје

Редакција

Македонија се придружува на ЕУ во санкциите кон Руската Федерација

Редакција