еМагазин
Image default
Бизнис

ММФ ја „потсети“ Владата на ризиците од нелогичното зголемување на минималната плата и пензиите

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај за земјава вели дека покачувањето на минималната плата над 50 отсто од просечната плата може да помогне во намалувањето на сиромаштијата кај вработените лица, но оттаму укажуваат дека сиромаштијата во Македонија е многу поголема кај невработените лица.

„Затоа зголемувањето на минималната плата е мерка која можеби нема да биде ефективна во насока на намалување на сиромаштијата во земјата, посебно ако влијае врз формалното вработување. ММФ препорачува да се задржи конкуретноста со минимална плата која ќе биде правопропорционална со продуктивноста и да се осигура дека исплатата вистински се спроведува“, се вели во извештајот на ММФ.

Инаку, по спроведената мисија со цел консултации за подготовка на Членот IV, ММФ ги оцени економските реформи со солиден потенцијал за справување со долгорочните предизвици.

Сепак, како што велат од „Фајненс тинк“ и покрај релативно позитивната оценка на економскиот раст, потезите во социјалната, даночната и пензиската сфера, заклучоците укажуваат на неколку економски и социјални политики, кои подолго време се дискутираат во македонската експертска јавност.

„Како и „Фајненс тинк“, и ММФ поддржува зголемување на минималната плата, но укажува за штетите кои може да настанат доколку зголемувањето не биде проследено со раст на продуктивноста.

„Фајненес тинк“ ја изрази истата загриженост, според која рапиден раст на минималната плата може да ја зголеми инциденцата на промени со работните часови, непосакувани интервенции кај прекувремената работа, работата за празници, викенди и ноќна смена, како и да влијае врз зголемување на де-формализацијата на работните места“, соопштија оттаму.

Од „Фајненс тинк“ додаваат дека во однос на пензиите Фондот укажува дека зголемувањето на пензиите поголемо од законски-нормираното усогласување со инфлацијата ќе предизвикива нагорен притисок врз трошењето, што повторно ќе ја наруши стабилноста на пензискиот фонд и, во крајна линија, ќе предизвика пораст на вкупниот буџетски дефицит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фершпед ги зголеми приходите и добивката

Редакција

Водечката македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп помеѓу најголемите изложувачи на ИДЕХ 2023 во Абу Даби

Редакција

Стевче Кузмановски нов член на Управниот одбор на Прокредит банка

Редакција