еМагазин
Image default
Бизнис

ММФ ѝ одобри на Македонија помош од 176 милиони евра за справување со последиците од корона вирусот

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање износ од околу 176 милиони евра.

Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот Kовид-19.

„Како и поголем дел од економиите во глобални рамки, и македонската економија привремено ќе биде погодена од појавата на новата вирусна инфекција. Ефектите ќе се почувствуваат и преку намалувањето на глобалната побарувачка, но и преку прилагодување на домашната побарувачка, во услови на неизвесност и преземени мерки за ограничување на ширењето на вирусот.

Слично како и во другите економии, ваквиот контекст наметнува потреба од прилагодување на макроекономските политики за привремена и целна поддршка на економијата. Користењето на средствата од ММФ е важен елемент за спроведување на овие политики, обезбедувајќи дополнителни финансии за буџетска поддршка, како и поддршка на девизниот потенцијал на економијата,“ информираат од Народна банка.

Во контекст на политиките, ММФ истакнува дека Народната банка, во рамки на својот мандат реагираше брзо за соодветно да одговори на економските предизвици поврзани со ковид-19.

Покрај намалувањето на референтната каматна стапка и целните промени во задолжителната резерва, ММФ ги издвојува и регулаторните измени со коишто се овозможи привремено олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити погодени од корона-кризата, притоа запазувајќи го прудентниот пристап во управувањето со ризиците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат по два денара за литар

Редакција

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

Редакција

Во криза приватниците вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев

Редакција