еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

Просто е неверојатно колку македонски граѓани се уште не ги почитуваат препораките за превенција од корона вирусот и ги доведуваат во опасност сите околку нив, но и сопствените семејства.

Од 15 март до вчера, во врска со непочитување на мерките, од сите Сектори за внатрешни работи низ Македонија се поднесени 24 кривични пријави, при што кривично се пријавени вкупно 29 лица. Од нив, 28 лица се пријавени по член 206 од Кривичниот законик, а едно лице е пријавено по член 205 од Кривичниот законик.

Сите тие ќе треба да платат парични казни, а ако вака продолжат некои од нашите граѓани, нема да биде никакво изненадување да почнат да „фрчат“ и затворски казни, кои се предвидени со Кривичниот законик. И со право.

И да, оваа се само случаеви кои успеала да ги регистрира МВР. Само еден Бог знае уште колку наши граѓани не ги почитуваат мерките кои се неминовни.

Сите овие лица освен што доведуваат во опасност други, му штетат и на нашиот здравствен систем, на сите наши здравствени работници кои се во првите линии на „фронтот“, и на сите други наши сограѓани, од полиција до војска, кои прават надчовечки напори да се држи ситуацијата под контрола.

И не само тоа. Со вакво однесување, неодговорните граѓани негативно влијаат и на економијата и придонесуваат за продолжување на кризата, што пак ќе донесе уште повисоки цени на производите кои ни требаат секојдневно, но и ќе придонесат за бран од отпуштања и колективни одмори.

Многу е просто. Колку ќе трае кризата и кога ќе се вратиме во нормала не зависи од никој друг, освен од НАС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Фирмата Гифти Текс од Прилеп веќе изработи 1.000 маски бесплатно, кои ќе се донираат

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Корона вирусот покажа колку сме себични

Поради корона вирусот: Пет илјади работници од „Дрекслмаер“ од понеделник ќе користат одмор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради делта варијантата можеби ќе треба 90% од луѓето да се вакцинираат, порачуваат американски експерти

Редакција

Пет лица починале од Ковид-19 во февруари

Редакција

(Видео) Пронајдени стебла и мини лабараторија за производство на масло од канабис во Визбегово

Редакција