еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мнозинството граѓани го поддржуваат правото на мирна „Парада на гордоста“ во Скопје

Меѓународната организација за човекови права, Civil Right Defenders спроведе истражување на јавното мислење, во пресрет на втората „Парада на гордоста“ во Скопје, што покажува дека мнозинството граѓани на Македонија го поддржува правото на ЛГБТИ+ лицата да одржат мирен Марш на гордоста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска во Скопје втора ЛГБТИ парада на гордоста

-На прашањето дали се согласуваат со тоа дека ЛГБТИ + лицата треба да имаат право мирно да маршираат низ Скопје, 55 проценти од испитаниците одговориле позитивно. Ова претставува подобрување во споредба со резултатите од 2015 година кога 47 отсто од граѓаните дале потврден одговор на ова прашање, се вели во соопштението.

Според податоците, главен фактор што придонесува за ваквите резултати е прашањето дали граѓаните се во комуникација со ЛГБТИ+ лицата, со што 83 проценти од граѓаните кои се во комуникација со ЛГБТИ+ лицата се согласуваат со нивното право да одржат Марш на гордоста.

Во однос на причините зошто се организира „Парада на гордоста“, 43 отсто од испитаниците се согласуваат дека парадата има легитимна цел, односно ЛГБТИ+ лицата да го свртат вниманието на јавноста кон својата ранлива позиција, наспроти мислењето на 40 проценти од испитаниците кои мислат дека се организира за да го испровоцира мнозинството кое не го поддржува нивниот животен стил.

Истражувањата покажуваат дека 70 проценти од помладите испитаници на возраст од 18 до 29 години, кои имаат високо образование и живеат во урбани средини се согласуваат дека ЛГБТИ+ лицата се граѓани како и сите други, во однос на 2015 година кога 54 отсто од испитаниците се согласиле со оваа изјава.

Програмскиот координатор на Civil Rights Defenders за Северна Македонија, Дамјан Здравев, истакна дека ЛГБТИ+ заедницата во Северна Македонија, но и поголемиот дел од Западен Балкан, е свесна за предизвиците што претстојат на патот за обезбедување на праведно и рамноправно општество во кое ЛГБТИ+ лицата нема да бидат дискриминирани и исклучени.

Анкетата е спроведена како дел од регионалното истражување на Civil Rights Defenders и агенцијата ИПСОС Стратешки маркетинг на репрезентативен примерок од над 6.000 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска и контра-Парада на гордоста во Битола

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за несреќата кај Ласкарци формално почна од почеток

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот за изградба на канализација во Арачиново вреден 1,7 милиони евра

Редакција

Во последните три дена 1.261 нови случаи на Ковид-19, оздравени 1.085 и шест починати

Редакција