еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР повика да не се патува во Италија

Министерството за надворешни работи денеска објави препорака до граѓаните да не патуваат во Италија поради состојбата со коронавирусот.

„Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со COVID-19 во Италија, препорачуваме нашите граѓани да не патуваат на целата територија на Италија. За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти,“ велат од МНР.

Генералниот конзулат на Македонија во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион, како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.

За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected].

Од МНР посочуваат дека преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжува будно да се следи состојбата со COVID-19 за што граѓаните соодветно ќе бидат информирани.

Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица во домашна изолација во Штип, ќе се тестира лице од Кочани со сомнителни симптоми на коронавирус

Ученици од три основни училишта во скопски Карпош заради превенција од коронавирусот во самоизолација

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

Има ли основа за кривична одговорност за заразената директорка Нина Цаца Биљановска?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип, Ресен и Свети Николе со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

„Буквално никој не верува дека Сашо Мијалков ќе лежи и ден од тие три години затвор“: Твитер за пресудата за Мијалков

Редакција

Вчера имало 26 пожари низ Македонија, активни се три

Редакција