еМагазин
Image default
Македонија

МНР со препорака: Поради најавен протест да се избегнуваат делови од Париз

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги потсетува македонските граѓани кои планираат да патуваат во Париз дека на 8 декември е закажан протест и притоа предупредува да се избегнуваат одредени места во централното градско подрачје.

– Во тој период МНР препорачува да се избегнуваат местата во централното градско подрачје – плоштадите Конкорд и Бастиља, Триумфалната капија, Елисејската палата, Националното собрание – пишува Министерството за надворешни работи во објавата на својата фејсбук страница.

Од МНР посочуваат дека граѓаните во итни случаи можат да ја контактираат амбасадата на РМ во Париз на телефонскиот број  0033680080890.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска за омаловажувањата дека син ѝ свирел на кавал во парк: Јас сум горда на Павле

Редакција

Има уште две фази до промена на Уставот, пак ќе бидат потребни 80 пратеници

Редакција

78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните со Ковид-19, се невакцинирани

Редакција