еМагазин
Image default
Македонија

Македонското МНР им се извини на граѓаните на Србија, БиХ, Црна Гора и Хрватска за погрешната поштенска марка

Министерството за надворешни работи за МИА потврди дека преку вршителот на работи во амбасадата во Белград упати извинување до српските власти во врска со грешката направена во АД „Пошта на Северна Македонија“, истакнувајќи дека е направен ненамерен дизајнерски пропуст за којшто веќе се преземени соодветни чекори.

Донесени се одлуки за повлекување од употреба на спорната поштенска марка и поништување на целокупниот тираж, како и одлука за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

Беше пренесено и официјалното извинување од страна на АД „Пошта на Северна Македонија“ во кое се изразува жалење за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавувањето на марката.

Министерството за надворешни работи недвосмислено и децидно отфрла каква било поврзаност со овој немил настан, изразувајќи жалење до сите засегнати страни, на граѓаните во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.

Регионалната соработка и добрососедските односи се главниот столб на надворешната политика на Република Северна Македонија и остануваме посветени на нашите заложби за уште посилен ангажман и соработка со непосредното и поширокото соседство во исполнувањето на преостанатите обврски и реформи на патот на европската интеграција, со силен меѓусебен амалгам и во интерес на сите граѓани во регионот, велат од МНР за МИА

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестна нота од Србија за поштенската марка со картата на „Голема Хрватска„

(Фото) “Македонска пошта“ издаде поштенски марки со карта на „Голема Хрватска“, целиот тираж ќе биде поништен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОДИХР: Вториот круг од Локалните избори спроведен во натпреварувачки дух, но се регистрирани наводи за притисок врз гласачи

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 443 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Ѓорѓиев пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста, велат од Влада

Редакција