еМагазин
Image default
Локално

„МојДДВ“: Богдановиќ пазаруваше во „Веро 2“ и ги скенираше фискалните сметки

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ  го посети промотивниот пулт на „МојДДВ“ во  „Веро 2“, Тафталиџе.

„Ова е за прв пат државата да им враќа пари на граѓаните. Бројот на скенирани сметки од самиот почеток на кампањата говори за успешноста на овој проект и покажува дека граѓаните се навистина заинтересирани да си го остварат правото на поврат“, рече Богдановиќ.

Заклучно со 17 јули 2019 година, скенирани се 3.541.016 фискални сметки, остварен е промет од 1.846.261.806 денари, а повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 29.767.379 денари.

Промотивниот караван за „МојДДВ“ во наредниот период ќе продолжи во повеќе градови во државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

38-годишен маж од Луково пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Редакција

Приведен бегалец од затворот во Струмица

Редакција

Скопје трет ден блокирано од приватните автобуски превозници

Редакција