еМагазин
Image default
Бизнис

„МојДДВ“ досега ја симнале 58 илјади корисници: Повратот на ДДВ околу 120 илјади евра

Вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата МојДДВ од веб-страницата на УЈП од нејзината промоција на 1 јули заклучно со утрово. Притоа, за истиот период прочитани се вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу 7 милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра.

Како што истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната средба со новинарите, мерката веќе ги дава првите посакувани ефекти од нејзината примена во однос на издавањето фискални сметки и справувањето со сивата економија.

Единствен проблем, додаде таа, во моментов околу примената на апликацијата е што таа не може да ја симнат корисниците на „ајфон“. Во врска со ова, таа појасни дека уште на 25 мај годинава од страна на УЈП било контактирано претставништвото на „Епл стор“ за барање одобрение оваа апликација да биде ставена на нивниот сајт.

Но, како што рече, заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“, се одолговлекла оваа постапка и додаде оти се очекува во секој момент апликацијата МојДДВ да биде достапна и за корисниците на „ајфони“ на веб страната на „Епл стор“.

Од УЈП посочуваат дека во изминативе неколку денови примиле и голем број пријави од граѓаните на линијата 198 за пријавување неправилности за тоа каде се не им се издаваат фискални сметки. За овие пријави од УЈП најавија дека ќе бидат испратени на терен нивни екипи за да се изврши проверка на работата на тие субјекти.

Во однос на безбедноста на апликацијата МојДДВ, од УЈП уверуваат дека безбедноста е на максимално ниво. Воедно се посочува дека доколку физичко лице се обиде да скенира сметка која е на име на фирма, на тоа физичко лице ќе му биде изречена глоба до 250 евра. Целта е, како што посочуваат, да се избегне двојното враќање на ДДВ.

Инаку, во првиот ден од пуштањето во употреба на апликацијата  МојДДВ таа била симната од 24.000 корисници. Во вториот ден апликацијата ја симнале 10.000 корисници, а очекувањата се  апликацијата да се користи од половина милион корисници.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП: Апликацијата „Мој ДДВ“ е безбедна за преземање

„Дојди, сама сум, ќе скенираме фискални“: Твитер реакции за повратот на ДДВ

Апликацијата „Мој ДДВ“е достапна на веб-страницата, на „адроид“, но за сега не и за Ајфон

Сите детали: Како и на кој начин ќе можете да ги скенирате фискалните сметки за враќање на ДДВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за набавка на гориво вреден 211.000 евра

Редакција

Британци со компјутерска измама украле над 400 илјади евра од македонска фирма

Редакција

Како се движеше цената на акцијата на Алкалоид лани

Редакција