еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

MO на Србија: Не гласаа Црна Гора и Северна Македонија за Косово, тие гласаа против Србија

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин изјави дека Србија треба да го смени својот став кон Македонија и Црна Гора, бидејќи во овие земји нема искрени соговорници колеги ниту пријатели, бидејќи го поддржаа влезот на Косово на Собранието на Интерпол.

– Го повикувам претседателот Вучиќ да го промени својот однос со Црна Гора и Северна Македонија и да им покаже дека пријателството со Србија треба да се заслужи, се вели во соопштението на Вулин.

Тој наведе дека „Црна Гора и Северна Македонија на Собранието на Интерпол го поддржаа влезот на косовските нарко картели во полициската организација. Застанаа на страната на Косово свесни дека со тоа ја навредуваат Србија”.

– Ако немаат храброст да гласаат против, можеа да се воздржат и да покажат дека се грижат до она што на Србија и е мило и што чувствува. Не гласаа Црна Гора и Северна Македонија за Косово, тие гласаа против Србија. Нивните гласови не ја сменија одлуката на Собранието на Интерпол, но треба да го сменат ставот на Србија кон нив. Претседателот Вучиќ во владите на Црна Гора и Северна Македонија нема чесни соговорници и Србија нема пријатели”, ја коментираше министерот за одбрана Александар Вулин, одлуката на поранешните републики на СФРЈ да го поддржи влезот на Косово во Интерпол.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ со реакција за гласањето за влез на Косово во Интерпол: Македонија и Црна Гора се секогаш против нас

Српски медиуми: Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 125 деца на возраст до 9 години заболеле од Ковид-19

Редакција

Становите во Гази Баба речиси двојно поевтини отколку во Центар

Редакција

Работниците на протест, Владата го разреши менаџерскиот тим на „Колска“

Редакција