еМагазин
Image default
Бизнис

Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

Патувањето низ времето сѐ уште не е измислено, но тоа што многумина од нас го гледаа во класичните SiFi филмови во детството, полека станува реалност во секојдневието.

Кога станува збор за плаќањето, иднината пристигна и ние веќе живееме во реалност во која имаме виртуелен паричник.

На тој план интересно е да се наведат неколку факти:

• Најновите статистики покажуваат дека во 2019 година, бројот на корисници на мобилни телефони ќе достигне 4,68 милијарди.

• При едно неодамнешно истражување направено од Американското банкарско здружение, за навиките на генерацијата милениумци (родени во периодот од 1981 до 1996 година) 77% изјавиле дека нивниот мобилен телефон е во секое време со нив.

• 23% од милениумците во ова истражување одговориле дека пресудно при изборот на банка е таа да има мобилни сервиси, како основно средство за комуникација со банката.

• Кај Милениумците е двапати поверојатно да го изгубат паричникот, споредбено со претходната генерација и 3 пати поверојатно споредбено со Генерацијата Х (родени во периодот од 1965 до 1980 година).

• Просечно 2.5 денови годишно поминуваме барајќи изгубени предмети, а во 20% од случаите тоа е паричникот.

• 35% од мажите не признаваат кога ќе изгубат нешто, обвинувајќи некој друг, најчесто сопругата. Исто е случај и кај 30% од жените.

• Во една чанта има сѐ, освен ред, а паричникот е секогаш на дното кога ни треба.

Инспириран од овие факти, тимот на НЛБ го воведе NLB Pay – Мобилниот паричник кој во вистинска смисла на зборот го интегрира Вашиот паричник во рамки на мобилниот телефон, кој прерасна во најкорисната алатка на современото живеење.

NLB Pay е мобилна апликација која овозможува брзо, едноставно и сигурно бесконтактно плаќање со мобилен телефон насекаде, во земјата и странство. Оваа апликација во целост може да го замени вистинскиот паричник, кој повеќе нема да биде неопходен во секој момент.

Плаќањето со мобилен паричник е поедноставно дури и од плаќањето со платежна картичка и се извршува само со отклучување на мобилниот телефон и негово приближување до ПОС терминалот. Притоа не е потребна најава во NLB Pay мобилната апликација.

Користењето на NLB Pay мобилниот паричник е без никаков надомест, независно од бројот на НЛБ Mastercard картички кои ќе ги дигитализирате. Една од најдобрите карактеристики е што апликацијата бесплатно се презема од GOOGLE PLAY STORE и не мора да одиме во експозитура за да започнеме да го користиме мобилниот паричник.

Што ако немаме интернет во моментот на плаќање?

Со NLB Pay мобилниот паричник можеме да плаќаме дури и кога немаме интернет на телефонот, при што можеме да направиме до 10 трансакции.

Сега сигурно се прашувате колку е ова плаќање безбедно?

Сѐ е во ред, плаќањето со NLB Pay е навистина безбедно.

Апликацијата не може да се користи доколку на телефонот немаме ставено безбедносна заштита за заклучување на телефонот (ПИН, патерн, отпечаток од прст или препознавање на лице). Дури и да го изгубиме телефонот, картичката не може да биде злоупотребена бидејќи телефонот ќе ни биде заклучен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП ќе има пристап до приливите на банкарските сметки на граѓаните

Редакција

„Дебарски бањи – Цапа“ оствари добивка од 16,1 милиони денари за девет месеци

Редакција

Андреа Серафимовски се стекна со 1.550 акции од „Гранит“

Редакција