еМагазин
Image default
Бизнис

Мода од Свети Николе во првите шест месеци од годината во загуба

Мода АД Свети Никола во првите шест месеци од годината оствари загуба пред оданочување од 6.866.180 денари, информира компанијата преку Македонската берза.

„Во текот на првото полугодие од 2019 година Мода АД Свети Николе оствари производни резултати кои се послаби од остварените во истиот период во 2018 година.

Остварен е извоз на 417.875 машки кошули во вредност од 1.281.234 евра, кој е за 20% помал од минатогодишниот.

Помалото производство и помалиот извоз се резултат на намалениот број на работни часови, кое произлезе од нередовното снабдување со репроматеријали од фирмата Heinrih Katt и намалениот обем на работа„.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светска банка предвидува економски раст од 2,5 проценти за годинава

Редакција

Глигор Бишев оди во пензија, Санел Кустурица нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка

Редакција

„СВ-Инвест“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за помошна механизација во РЕК Битола тежок 53 милиони денари

Редакција