еМагазин
Image default
Македонија

Могерини: Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за почеток на преговорите

Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за почнување на преговорите во периодот јуни – јули, рече високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини на денешната билатерална средба со претседателот Стево Пендаровски во Брисел.

Могерини ова, како што истакна, ќе го препорача на сите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ наредната недела. Таа на средбата уште еднаш искажа силно признание за сработеното од страна на нашата земја.

Како што беше посочено на средбата, од регионот доаѓаат и добри вести, а Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија се примери како можат тешките прашања да се затвораат со храбри одлуки.

Република Северна Македонија е единствена во регионот која ги има затворено сите прашања со соседите, во која функционираат институциите и во која постои определба и волја и во која се работи на исполнување на реформските процеси, нагласија соговорниците.

Претседателот Пендаровски рече дека граѓаните на Република Северна Македонија, поради се што е направено и заслужено, очекуваат нашата држава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. Тоа, напомена, ќе биде од значење и за стабилноста на регионот.

Пендаровски ги повика лидерите на земјите-членки на Европската унија да ја зачуваат кредибилноста на проширувањето врз основа на јасни и праведни критериуми за членство, во согласност со индивидуалните заслуги и постигнувања на секоја земја од регионот.

Првата меѓународна посета на Стево Пендаровски како претседател на Република Северна Македонија е Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туск до Пендаровски: Не сите земји членки на ЕУ се подготвени за одлука за датум наредните денови

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанскиот министер за надворешни работи денеска во Скопје

Редакција

ИРЛ за „Нечиста крв“ добитник на наградата за истражувачко новинарство на ЗНМ

Редакција

Технички причини го одложија сведочењето на загрозениот сведок за насилството во Собрание

Редакција