еМагазин
Image default
Техно

„Мои Доктори“: Нова апликација известува за нови термини во Мој Термин

Системот за електронско закажување Мој Термин е чекор во одличен правец, но не ја исполнува побарувачката за термини. Според анализите, 30% од специјалистите во Мој Термин немаат никаков слободен термин во моментот. Докторите отвараат малку термини и ги отвараат еднаш месечно, така да ако новите термини се пропуштат се чека уште еден месец.

Мои Доктори (moidoktori.mk) е веб апликација во која се внесува името на специјалистот и апликацијата сама проверува и ги известува корисниците кога нови слободни термини ќе се отворат на Мој Термин.

Со тоа се ослободуваат граѓаните од постојано проверување и предвидување кога ќе се отворат термини. Можеби и побитно, целиот процес станува транспарентен, бидејќи секој добива ист пристап до информации, и се елиминира моментот каде луѓе блиски до докторите или администрацијата добиваат бенефициран пристап до термини.

„Идејата за апликацијата потекнува од имање на истиот проблем. Ми требаше да закажам термин но и кога нови термини ќе се отвореа, многу брзо се земаа и на крај отидов приватно. Реалноста во Македонија е дека не сите ја имаат таа можност. Има многу кои чекаат со месеци за одреден термин. Бидејќи знаев дека термините се јавно достапни, знаев дека и има лесно решение за проблемот.

За техничката реализација на идејата е заслужен Томас Воксеп од Шведска. Бевме во контакт поради мојтата магистерска работа на тема независни програмери. Бидејќи Томас заедно со неговата девојка постојано патуваат како дигитални номади, ги убедив да останат еден месец во Скопје. Откако пристигнаа, му ја презентирав идејата, и веќе истата вечер имавме функционален прототип на апликацијата.

Со повеќе недели работа и доста проблеми со мејлови, апликацијата денес е комплетно функционална и спремна за корисници“, вели креаторот на апликацијата Љупо Наумовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен вториот повик за млади за учество во работата на Ино Фаб Лаб

Редакција

Уметност во четвртата индустриска револуција

Редакција

A1 Македонија го имплементираше Смарт сити Дојран

Редакција