еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Момчето кое го фати крстот во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток собраа над 81 илјада денари за лекување на Драгана Малкиќ

Дарко Недев, момчето кое го фати светиот крст во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, во денешната хумана акција собраа повеќе од 81 илјада денари за лекување на Драгана Малкиќ, соопштија од навивачката група на Фејсбук.

-Спојувајќи ги религијата и хуманоста, тие денеска инспирираа голем број на кавадарчани да се вклучат во хуманитарната акција за помош на Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Германија. На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат светиот крст кој вчера беше потопен во водите на реката Луда Мара, беа собрани парите кои веќе се предадени на семејството Малкиќ, информираа од навивачката група.

И покрај задоволството од огромниот одѕив, од навивачката група Лозари соопштија дека и во наредниот период ќе продолжат со хуманитарната акција, се со цел што побрзо да се соберат уште 5.000 евра, кои се потребни за операцијата на Малкиќ.

Дополнително, Лозари потсетуваат дека сите хумани луѓе можат да донираат на жиро сметката 280109104095596.

Фото: Фејсбук/Лозари Исток

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ford производе 10 милиони Mustang возила

Редакција

БРАВО! (Фото) Урбан Бургер Бар нуди бесплатна храна за деца без родители, социјални случаеви…

Редакција

Македонско кредитно биро ќе учествува на „Глобалната недела на пари“ (GMW)

Редакција