еМагазин
Image default
Локално

МОН му ги одзеде ингеренциите на Таравари

Одземањето на ингеренциите во образованието Општина Гостивар го оцени како политичка одлука и  тврди дека со последното разрешување и именување директори од страна на градоначалникот Арбен Таравари немало повреда на процедурите.

Раководителката на Секторорт за јавни дејности при Општина Гостивар Аслиан Снопче на прес-конференција покажа документи за кои рече дека се аргументи против одлуката на Министерството за образование и наука.

– Одлуката за oдземање на надлежностите вторпат не се базира врз законот, туку е само политичка. По увидот во основните училишта Државниот инспекторат за образование утврди дека конкурсите за избор на директори во времето на добивање на надлежностите од Општина Гостивар не се објавени во три дневни весници, туку само во два.

Од тие причини градоначалникот Таравари донесе решение со кое се прогласуваат за ништовни решенијата за избор на директори, на ист начин како што постапи и министерот кој сега донесува одлука за одземање на ингеренциите. Таков е случајот и со ООУ „Прпарими“ во Чегране, рече Снопче.

Таа потенцираше дека Инспекторатот утврдил дека при поништувањето на решенијата градоначалникот на Гостивар постапил според законот и не е констатиран прекршок.

Со решение на министерот за образование и наука Арбер Адеми вчера му се одземени  надлежностите на градоначалникот на Гостивар во делот на разрешување и именување директори во период од девет месеци.

Адеми: Не е реваншизам одземањето надлежности на Општина Гостивар во образованието

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска изјави дека одземањето надлежности на Општина Гостивар за именување и разрешување директори на општински средни и основни училишта не е реваншизам и не е политички мотивирано.

– Сме се соочиле со низа нерегуларностио во насока на разрешување и именување на директори во основни и средни општински училишта. И како Министерство сме биле приморани да реагаираме, бидејќи такво задолжение имаме од законот. Се разрешени речиси сите директори на основни и средни училишта без постапка, се именувани директори во сите училишта каде имало разрешување без постапка и огромен дел од тие директори што биле именувани на такви позиции не ги исполнувале условите пропишани со закон да бидат именувани како директори, изјави Адеми по посетата на Основното училиште „Братство“ во Општина Карпош.

Министерот за образование и наука рече дека се соочиле и со ситуации каде еден директор за многу краток период бил разрешен двапати.

– Првпат кога се вратени надлежностите, по укажувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) пак ги вратил за да ги разреши по шест дена вторпат. И првиот и вториот пат на разрешување се именувани исти кандидати кои не ги исполнуваат условите за да бидат избрани за директор, рече Адеми.

Ова, како што рече, е непопопуларна мерка, но е мерка која е задолжителна за да се преземе како Министерство за образование и наука кога ќе се соочиме со вакви ситуцаии. Најави дека Решението за одземање на надлежности на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе биде достапно за сите. Во Решението конкретно се отсликува секоја постапка од Државниот просветен инспекторат и тоа што презело во оваа насока МОН.

Таква мерка, како што рече, никој не би посакал да преземе освен во ситуации кога е принуден.

– И пред една година кога првпат му беа одземени надлежностите имаше исти вакви небазирани обвинувања, па во времето кога беа вратени тие надлежнисти тој призна и рече дека направил грешка. Таква изјава е достапна за целата јавност, бидејќи мислам дека пред три месеци ја даде во мое присуство и пред целата јавност. И сега велам дека тие обвинувања се небазирани, неосновани и затоа подобро демантирање на неговите изјави се незаконските постапки кои ги спровел во Општина Гостивар во насока на именување и разрешување на директори, а кои се отсликани детално во нашето решение за одземање на надлежности, појасни министерот Адеми.

МИА/Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крвав крај на тепачка меѓу двајца во Скопје, нападнати и полицајци

Редакција

Акциска контрола на МВР за откривање организатори на диви трки

Редакција

Гевгелија го доби новиот „Тони Манџа“: Украл 24 стебла марихуана од полицијата

Редакција