еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МОН не планира редовна настава: Подготвен концепт за далечинско учење од септември

Министерството за образование и наука објави нацрт-верзија на Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во земјава.

Изработката на документот е иницирана од промените во начинот на реализација на воспитно-образовниот процес на глобално ниво поради пандемијата предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19.

„Концепцијата треба да обезбеди непречено одвивање на едукацијата на учениците во основните и средните училишта од 1 септември 2020 година, преку приспособување на процесот на новонастанатата ситуација и реалност“, велат од Министерството за образование и наука.

МОН го подготви Концептот за учење од далечина заедно со Министерството за информатичко општество и администрација, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот просветен инспекторат и Државниот испитен центар, во соработка со УСАИД, УНИЦЕФ, Македонскиот центар за граѓанско образование-МЦГО, наставници од основните и средните училишта и од високообразовните установи во земјава, како и повеќе експерти од областа на образованието и ИКТ-сферата.

Од МОН наведуваат дека сите заинтересирани најдоцна до 10 јули 2020 можат да придонесат во подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ со доставување предлози и сугестии на електронската адреса: [email protected] .

Поради опасност од ширење на заразата со Ковид-19, наставата во 2019/2020 од средината на март до крајот на учебната година во јуни беше реализирана онлајн и со учење од далечина преку различни е-платформи.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми пред крајот на учебната година за МИА изјави дека се разгледува и сценариото како ќе се постапи ако се соочиме со исти или полоши околности на почетокот од  2020/2021 година.

„Генерално, ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи“, рече Адеми.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик

Редакција

Намалување за 35,3%: Минатата недела 44 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

(Видео) Чулев: Ги бараме одговорните за „Јавна соба“ преку „Телеграм“ во Лондон, објавени 800 фотографии и видеа

Редакција