еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Моралот во политиката

Д-р Арбен Таравари

Политиката не е бизнис, политиката не треба да биде ниту земјиште за чија што тапија луѓето треба да се убиваат.

Политиката не треба да биде комплексна, мултиполарна, невронска мрежа, ниту, пак, банкарска сметка надуена од парите што не му се дадени на оној којшто не може да им купи ниту леб на своите деца.

Која е мојата политика? Тоа е вашата хармонија!

Старецот да биде во можност со парите од пензијата да го сочува достоинството пред внукот и да му купи роденденски поклон, жената да не биде заложник на канунски менталитет, мажот кога ќе дојде дома со себе да го понесе и достоинството, кое денес, за жал, го остава по канцелариите каде што го вработиле, а и купиле засекогаш! Политиката за мене е токму слободата и моралот, ставени во еден плик.

Денес луѓето ги купуваат со сé куќа за едно работно место. И ги разбирам! Махатма Ганди рекол: „За оној што нема леб, единствен Бог што го признава е лебот“. Па, зарем не е мизерно да имаш богови кои ти ги наметнала екстремната сиромаштија?

Сакам, ако тоа се смета за политика, да работам со што повеќе млади момчиња и девојки, со оние кои денес демнеат по темните кафулиња на нашите градови, да им кажам дека се способни, дека тие се надежта на нашата нација.

Сакам нашата земја да се претвори во место на спокој, во земја каде што секој граѓанин, Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Србин, Ром и секој друг ќе се гордее што е тоа што е.

Сакам овдешните семејства да ги гледаат Америка и Европа како алтернатива за одмор, а не како наметнати решенија до крај на животот.

Сакам утре син ми да биде горд на она што сум се потрудил да го направам.

Сакам да играм шах со моите пријатели, не зошто немаме како да го потрошиме времето, туку затоа што сакаме да играме!

Сакам да спроведувам таква политика што, конечно, партиите нема да брзаат која повеќе ќе ја оцрни другата, туку да се сетат дека нацијата е над каков било интерес, дека нацијата е политичка план-програма и дека, во основа, сите треба да бидеме исти!

Сакам да го видам денот кога политичките лидери ќе дебатираат како господа од иста крв, благородници од исто потекло и, на крајот, секој да го направи најдоброто за народот.

Сакам да спроведувам таква политика што мајка ми ќе ми каже – сине направи го најдоброто! И на крајот да имам покрај себе стотици и илјадници мајки.

Би сакал, барем еднаш, политичарите да не се поистоветат со „оскудните ликови“ кои ја симболизираат мафијата и гусарите.

Би сакал во болницата каде што работам редиците да бидат што е можно помали, па дури и да ги нема, бидејќи правилните здравствени политики значително би ја зголемиле грижата кон пациентот.

Би спроведувал таква политика благодарение на која моите студенти би ми праќале поздрави преку е-маил од најлуксузните светски училишта, бидејќи интелигентните образовни практики би ја дале токму таквата можност.

Ќе помислите дека сум утопист, дека живеам во сништа, но Џорџ Орвел вели дека има два вида политичари: едните кои се утописти, идеалисти, со умот во воздух (ако ми се дозволи да направам превод со мала адаптација) и другите кои се со нозе на земја, но потонати в кал!

Повеќе сакам да бидам идеалист отколку потонат в кал.

Ако ова што го наведов не е политика, не сакам ниту да бидам политичар.

Бог нека им го направи полесен патот на сите оние кои спроведуваат праведна политика.

Ставовите на авторот, не се став на редакцијата на еМагазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјален Мозок

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

316 нови случаи на Ковид-19 од 1.562 тестирања, во Скопје 164

Редакција

„Несфатливо ми е, како и зошто моето преубаво девојче сега е во гроб,“ вели мајката на Вања за српска „Република“

Редакција

Млада фармацевтка од Скопје разочарана од врсниците: „Чопоративно собирање по дома не е карантин“

Редакција