еМагазин
Image default
Македонија

Москва: Русија не се мешаше во внатрешните работи на Македонија, туку тоа го стори Вашингтон

Без оглед на обвинувањата на американските претставници на сметка на Русија, Москва не се мешаше во внатрешните работи на Македонија, туку тоа го стори Вашингтон, изјавила на редовниот брифинг за новинарите портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

-Повторно се слушаат обвивувања на сметка на Москва за мешање во внатрешните процеси во Македонија. Она што Метју Палмер го кажа во Скопје, за вмешаноста на Русија е смешно. Би сакале да потсетиме дека на 19 октомври, САД, а не Русија, со помош на нечесни методи, уцени, закани и поткупување на пратеници, ја протуркаа во македонското собрание одлуката за почеток на постапката за измена на Уставот на Македонија. Американскиот амбасадор во Скопје беше во зградата на Собранието и управуваше со овие процеси, рече Захарова, пренесува Спутник.

Таа истакна дека против Преспанскиот договор не е Русија, туку самите македонски гласачи кои го покажаа својот став на референдумот на 30-ти септември.

Високиот американски официјален претставник, Метју Палмер, ја искритикува претходно Русија за наводно мешање во процесите во Македонија и апелираше до владејачкото мнозинство во Собранието да ги усвои уставните измени, нарекувајќи ја оваа можност единствена, која нема да се повтори-информира Спутник Србија. 

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џес Бејли за ТВ 21: Не бев во Собрание, гласањето за стартот на уставните измени го гледав на телевизија

За руската агенција „Спутник“ земјава е „С. Македонија“

За Русија остануваме Република Македонија: Не го менуваме ставот од пред 26 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранко Героски: Само Бојан Јовановски знае зошто се препознал во моите написи

Редакција

Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска

Редакција

Сертификатите за вакцинација се валидни и не се повлечени од употреба, велат од Министерството за здравство

Редакција