еМагазин
Image default
Македонија

МОСТ: Пендаровски освоил 44,47 проценти, Силјановска Давкова 44,32 отсто од гласовите

Стево Пендаровски освоил 44,47 проценти наспроти Гордана Силјановска Давкова која има осоено 44,32 отсто од гласачите кои денеска гласаа на шестите претседателски избори, а за Блерим Река гласале 10,98 проценти, покажуваат резултатите на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Од асоцијацијата нагласуваат дека максимална маргина на грешка е од +/- 0,5 проценти.

МОСТ го следеле денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, биле распоредени исто толку набљудувачи, со што биле покриени 33 проценти од вкупниот број на гласачки места во земјава.

Според Граѓанската асоцијација, податоците добиени од ПВТ програмата, покажала 41,67 проценти одѕив на гласачите, со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 4,33 отсто.

Од МОСТ напоменуваат дека поради фактот што резултатите за првите два кандидати се во маргината на грешка, можно е во официјалните резултати да има промена во редоследот на првите два кандидати според освоените гласови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК отфрли 1.478 приговори за изборите од Левица бидејќи биле без потпис

Редакција

Германија очекува новата грчка Влада да го почитува Преспанскиот договор

Редакција

Кумановската болница го адаптираше одделението за психијатрија и неврологија во нов Ковид центар

Редакција