еМагазин
Image default
Локално

Мотоциклист почина по судар со товарно возило

На 30.06.2019 година во 22,50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило “Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово, информира МВР.

Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец им продал „лек“ за кожни болести што им наштетил на здравјето

Редакција

Шилегов за грчки Етнос: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад

Редакција

Нападнато лице од обезбедувањето во Фондот за здравствено осигурување

Редакција