еМагазин
Image default
Локално

Моторџија од Англија тешко повреден во Маврово

На 04.09.2018 година околу 18.10 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда“ со британски национални ознаки, управуван од J.J.(26) од Англија и патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(27) од с.Требиште-Маврово, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Дебар, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Е.В. и сопатникот во возилото А.В., се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Што му порачаа учениците од основните школи во Карпош на градоначалникот Богоев

Редакција

Работник почина по пад при изведување градежни работи во Гази Баба

Редакција

За една четвртина намален бројот на водни птици на Преспанското Езеро

Редакција